-Оние кои сè уште не резервирале одмор, да ги избегнуваат Шпанија и Португалија како дестинации, ова е дел од претпазливост, изјави државниот секретар за европски прашања Климент Боун за јавната телевизија Франс 2.

„Ова е препорака на која инсистирам, подобро е да останете во Франција или да одите во други земји… ситуацијата е многу загрижувачка“, додаде тој, истакнувајќи дека патувањето до овие дестинации е сè уште дозволено.

Тој, сепак, истакна дека е можно да се воведат построги мерки во наредните денови.

Португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантос изјави дека загриженоста на Франција е „разбирлива“ со оглед на здравствената состојба во земјата, која е „влошена“.

Боун ги повика земјите-членки на ЕУ да бидат дополнително будни бидејќи пандемијата не е завршена.