Регулаторните тела во Франција го казнија Google со 500 милиони евра бидејќи компанијата не се придржуваше до привремената наредба за плаќање на надоместок за користење вести на тамошните медиуми.
Тие му се заканија на Google со секојдневни казни од 900.000 илјади евра доколку не им понудат решение во период од два месеци.
Издавачите како што се APIG, SEPM и AFP го обвинија Google дека не сака да преговара со нив и да им ја надокнади штетата поради тоа што содржини од медиумите се наоѓаат и на нивните платформи, како што е news feed(најнови вести).
Ова не е првпат Google да биде казнет од страна на Франција и ЕУ бидејќи пред само еден месец беа казнети со 220 милиони евра поради злоупотреба на пазарот за интернет-реклами.