Споменикот од утре ќе работи секој ден од 9 до 17 часот. Посетителите задолжително треба да носат маски внатре во комплексот без разлика дали се вакцинирани.

Според препораките од државните Центри за спречување на заболувањата (ЦДЦ), сите општи и работни простории ќе бидат безбедни и чисти за посетители, вработени, соработници и волонтери, јавија локалните медими од округот Колумбија.

Споменикот на Вашингтон се карактеризира со обелиск висок 169 метри во чиј врв има поставено платформа за набљудување на спектакуларниот пејзаж на американската престолнина.

Беше затворен лани во март и повторно отворен во октомври. Поради зимскиот бран на Ковид-19 беше повторно затворен годинава во јануари