Француската влада денеска со мало мнозинство го „преживеа“ гласањето недоверба во собранието.
За недоверба на француската Влада гласаа 278 пратеници, а за усвојување на тој предлог беа потребни уште девет гласа – 287.
Гласањето дојде откако Долниот дом на парламентот минатата недела ја усвои непопуларната реформа на пензискиот систем, со која минималната возраст за пензионирање ќе се зголеми од 62 на 64 години.