Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, словенечкиот амбасадор во Бугарија смета дека тоа е продолжение на политиката што Софија ја водела и за време на нејзиното претседателство со Советот на ЕУ.

Според амбасадорот Франгеш, двете земји имаат различни ставови за проширувањето на ЕУ – како и кога треба да се спроведе, но тој смета дека е многу важно да се поддржи овој процес, велејќи дека процесот донесе промена во земјите кандидати.

Словенечкиот амбасадор, исто така, ја коментираше позицијата на Бугарија во однос на Македонија и нејзината европска перспектива: „Бугарија е една од членките на ЕУ и е наш партнер, ние мора да ја разбереме позицијата на Бугарија, но од друга страна мора да го придвижиме процесот на интеграција во Западен Балкан. ЕУ има обврски во врска со ова … Тоа што можеме да го направиме е да се обидеме да го поддржиме дијалогот и да видиме како двете земји можат заедно да одат во иста насока и каде работите треба да бидат решени во европски контекст. Има работите што се на билатерално ниво меѓу Софија и Скопје, како и работите за кои треба да се одлучува на ниво на Европската унија“.

Франгеш призна дека има сличности меѓу територијалниот спор меѓу Словенија и Хрватска за време на разговорите за членство на Загреб во ЕУ и бугарско-македонските проблеми, но тие се помали од разликите.

Словенија, како што потсети амбасадорот, ставила вето за Хрватска не на почетокот, туку на крајот на целиот процес на преговори. Тој не коментираше дали Љубљана подготвува компромисен предлог во спорот меѓу Бугарија и Македонија.