Франција и Шпанија забележаа убедливи победи во воведните натпревари на 17. Европско првенство за ракометари, кое се одржува во Данска, Шведска и Норвешка. Франција во Осло ја совлада Чешка со 42-28, додека Шпанија во Хернинг ја победи Србија со 29-27.

Натпреварите вечерва

Првиот ден од шампионатот ќе биде комплетиран со дуелите Норвешка – Украина и Германија – Австрија, кои ќе ги одредат почетните позиции во групите.

Македонија го отвора настапот

Македонската репрезентација својот воведен натпревар во групата Б ќе го игра утревечер против кодомаќинот Данска, со почеток во 20:30 часот во Хернинг. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров на 18 јануари ќе се соочат со Португалија, а два дена подоцна ќе играат против Романија, во борба за пласман во следната фаза на турнирот.