Нападите врз цивилни објекти се кршење на меѓународното право

Шефот на француската дипломатија, Ноел Баро, денеска предупреди дека евентуалните удари врз иранската цивилна инфраструктура ќе претставуваат сериозно кршење на меѓународното право и би можеле да доведат до одмазднички мерки.

„Ако сите се изјаснуваме против напади врз цивилната и енергетската инфраструктура, тоа го правиме затоа што тие се исклучени според правилата на војната и меѓународното право, а второ, таквите акции несомнено би предизвикале нова фаза на ескалација и одмазднички мерки“, посочи Баро.

Ултиматумот на Трамп кон Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му даде рок на Иран да запре воените активности и да ја деблокира Ормуската Теснина, заканувајќи се со „целосно уништување“ на цивилната инфраструктура. На својата социјална мрежа Truth Social, Трамп објави:

„Цела една цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи. Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно. Господ да го благослови големиот народ на Иран!“

Удари врз транспортната мрежа во Иран

Иранските медиуми известија дека денеска биле погодени железнички мостови и автопатишта низ земјата, додека Израел ја оправдува акцијата како напад на инфраструктура користена за воени цели од страна на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).

Овие настани го поставуваат сценариото за потенцијална ескалација, на кое Франција упатува јасно предупредување.