Официјална Москва упати критики по повод најновото француско ракетно тестирање, со оценка дека европскиот континент влегува во фаза на засилено вооружување. Реакцијата на Кремљ следува откако францускиот претседател Емануел Макрон лично присуствуваше на пробното лансирање на новата балистичка ракета со стратешки дострел во Западна Франција, конструирана со капацитет да носи нуклеарна боева глава.

„Ова е јасна и недвосмислена порака. Европа е опседната со идејата за милитаризација“, изјави Песков.

Портпаролот на рускиот претседател оцени дека Европската Унија постепено отстапува од примарната улога на економска заедница и се трансформира во воено-политички блок, градејќи ја својата одбранбена стратегија врз отворена конфронтација со Москва.

Песков ваквата безбедносна ориентација ја оквалификува како погрешен правец што води во ќорсокак, напоменувајќи дека руската страна одблизу ги набљудува активностите на европските воени сили.

„Соочена со ваквите агресивни дејствија и планови, Русија останува будна и ги презема сите неопходни мерки за да ја загарантира својата безбедност“, рече Песков.