Франција од почетокот на сезоната се соочила со околу 14.000 пожари, додека безбедносните служби привеле повеќе од 400 лица поради намерно предизвикување пожари или невнимание, соопшти францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез.

Меѓу приведените има и 156 малолетници

Според информациите што ги објави француската телевизија БФМТВ, од почетокот на сезоната биле регистрирани 14.000 пожари, а безбедносните сили уапсиле вкупно 402 лица.

Од приведените, 156 се малолетници, додека за 36 лица е определен притвор.

Пожарите во Жиронда и Од се ставени под контрола

Огнените стихии во департманите Жиронда и Од се ставени под контрола, но пожарникарските екипи и натаму се обидуваат да го изгаснат пожарот во департманот Вар.

Нуњез оцени дека станува збор за најдолгиот шумски пожар што досега бил регистриран во Вар, бидејќи трае веќе 15 дена.

Во Вар интервенираат 1.250 пожарникари

Во гаснењето на пожарот се ангажирани 1.250 пожарникари, поддржани од два противпожарни авиона „Канадер“ и два хеликоптера.

Во меѓувреме, предупредувањето за опасност од пожари во департманот Жиронда е намалено од највисокото црвено на портокалово ниво.