Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ги одреди службените лица за претстојниот дуел од Лигата на нации. На натпреварот меѓу фудбалските селекции на Македонија и Шкотска правдата ќе ја дели судиска екипа од Франција.
Главен арбитар на средбата ќе биде искусниот Франсоа Летексие, кој имаше чест да го суди финалниот натпревар на Европското првенство во 2024 година. Негови помошници покрај аут-линиите ќе бидат неговите сонародници Сирил Муние и Мехди Рамуни, додека функцијата четврти судија ќе ја извршува Гијом Паради.
Во ВАР-собата ќе седи белгискиот судија Брам Ван Дрисше, кому ќе му помага францускиот арбитар Матје Вернис. За судиски набљудувач е одреден Стефано Подески од Сан Марино, додека делегат на натпреварот ќе биде Адријан Иксари од Молдавија.
Натпреварот од групата Б меѓу Македонија и Шкотска ќе се одигра в сабота на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20:45 часот.
