Вкупно 223 санкции изрече вчера полицијата при засилените сообраќајни контроли во Скопје. Од нив, 24 се за возење со брзина поголема од дозволената, 25 се за возење без возачка дозвола, а 67 се прекршоци што ги направиле мотоциклисти.
Како што соопшти МВР, изречени се и две мерки за користење мобилен телефон, 35 за возење под дејство на алкохол, пет за минување на црвено светло, 16 за нерегистрирани возила, како и девет за возач почетник.
-Засилените акциски контроли продолжуваат. Граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелира МВР.