Фудбалскиот свет е завиен во црно. Почина еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Франц Бекенбауер.
Бекенбауер почина на 78 години. Тој во својата кариера го освои Светското првенство со Германија во 1974 година како играч и во 1990 година како селектор.
Со зборовите „Кајзер е мртов“ еден од најголемите германски медиуми „Билд“ ја објави гореспоменатата вест, со дополнителни информации: „Официјално неговата смрт е констатирана во понеделникот попладне, а починал ден претходно, во неделата“.
Семејството на фудбалската легенда изјави:
„Со длабока тага ве известуваме дека нашиот сопруг и татко Франц Бекенбауер почина мирно вчера, недела, опкружен со членови на семејството. Ве замолуваме да ја почитувате нашата желба да тагуваме во тишина, без да одговараме на прашања.