Како можете да ги поддржувате „сите бугарски грижи“ и да ги правите дел од преговарачкиот процес, кога некои од тие грижи се против сето она за што се залага ЕУ, смета поранешниот европратеник Ерван Фуере во коментар на твитот на европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеји дека „бугарски загрижености“ ќе бидат дел од преговарачкиот процес на Северна Македонија со ЕУ.
– Целосно нема логика. Како можете да ги поддржувате „сите бугарски грижи“ и да ги правите дел од преговарачкиот процес, кога некои од тие грижи се против сето она за што се залага ЕУ, додека други се во спротивност со пресудите на европските Судот за човекови права. Комесарот треба да се срами од себе, наведува Фуере.
Според него, поради ваквата објава Вархеји треба да поднесе оставка или да биде принуден да поднесе оставка.
Еврокомесарот Вархеји вчера на Твитер објави дека „ЕУ ги прифаќа сите бугарски загрижености мошне сериозно“ и дека тие ќе станат дел од преговарачкиот процес на земјава со Унијата.
– ЕУ ги прима сите бугарски загрижености мошне сериозно и тие се сега дел од преговарачкиот процес. Сега е моментот за одговорни одлуки. Западен Балкан треба да биде дел до ЕУ. Заедно ќе бидеме посилни, напиша вчера Вархеји на Твитер.