Со митинг пред Владата, ВМРО-ДПМНЕ вечерва ја започна кампањата за Претседателските избори.

На митингот се обратија кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова и партискиот лидер Христијан Мицкоски.

Реки народ пред Владата на Македонија, безусловно дадоа поддршка на професорката Силјановска Давкова.

Во својот говор професорката Силјановска Давкова порача:

Гордоста не се купува или подарува. Гордоста се заслужува. Ова е годината кога одбележуваме 80 години од македонската државност, 80 години од АСНОМ. Партизаните, беа инспирирани од првиот Илинден и затоа влегоа во вториот Илинден, во борба за слобода.

Е така се гради гордост, тие загинаа за нас, за Македонија да ја направат горда.Ние тоа мора да го почитуваме. Тие тоа го заслужуваат, нашиот народ тука тоа го заслужува!