-Гамалеја институтот верува дека “Спутник В” и “Спутник Лајт” го неутрализираат омикрон бидејќи се ефикасни против сите останати соеви. Малку е веројатно дека е потребна модификација на вакцините, затоа можеме да дистрибуираме неколку стотини милиони бустер дози до февруари 2022-ра година, навеле Кирил Дмитријев, пренесува “Tass”.
Тој рекол дека повеќе од три милијарди дози вакцини против новиот сој на коронавирусот може да бидат достапни во 2022-ра година.
Според “RDIF”, Гамалеја центарот почнал да развива нова верзија на “Спутник В” и “Спутник Лајт”, кои го неутрализираат Омикрон.
Директорот на Гамалеја институтот, Александар Гинцбург, рекол дека, доколку биде потребно, вакцината за омикрон може да се развие за 10 дена, а за да ги добие неопходните лиценци за дистрибуција потребни се околу 50 дена.