Осомничен за убиствата на Жила во Шише бар и на Оки во Грција добил решение без да излезе од притвор

О
Хроника 04.02.2024. 16:22

Во меѓувреме ЈО објасни дека решението значело дека Марку добил ново решение и останал во притвор, а објавеното од нас морало да биде донесено за новото да стапи во сила.

Од скопското обвинителство информираат дека не се точни пишувањата оти осомничниот за убиствата на Јетон Кривањева- Жила во локалот „Шиша бар“ на Кале и на Орхан Бајрами – Оки летово во Грција, Гани Марку е пуштен на слобода.

Од Обвинителството појаснуваат дека за Гани прекинат е притворот во еден предмет поради истек на шест месеци и веднаш определен нов притвор за друг предмет.

-Лицето во моментов е во ефективен притвор, велат од Обвинителството.

 ВЕСТА ПРЕД ДА ИЗЛЕЗЕ ИЗЈАВАТА ОД ЈО:

Пуштен на слобода Гани Марку, дознава Радио Лидер. Марку е познат во јавноста како осомничен  на убиствата на Јетон Кривањева- Жила во  локалот „Шише бар“  на Кале , како и на ликвидацијата на Орхан Бајрами – Оки летово во Грција.

Во продолжение е одлуката од Кривичниот суд, до која дојде Радио Лидер, во која јасно се гледа одлуката за укинување на мерката притвор на осомничениот за убиствата Гани Марку.

Одлуката за пуштање на слобода случајно или не доаѓа во период на техничката Влада на премиерот од ДУИ Талат Џафери. Иако тој се споменува како можен сторител на убиствата тој е засега само осомничен.

Инаку убиството на  Орхан Барјами- Оки се случи  во Грција.  Во раните утрински часови на 15 јули 2023 година, на Халкидики, две маскирани лица се приближиле до вилата и со употреба на огнено оружје пукале во внатрешноста, што резултираше со смртоносна повреда на еден 39-годишен и повреда на 45-годишник, кои во вилата престојуваа со уште тројца нивни сонародници.  Веднаш по убиството, во околината биле пронајдени 19 чаури.

Тогаш, убиен беше Орхан Бајрами – Оки, кој се сметаше за еден од главните водичи на криминалната група „Дуќанџик“, додека пак претходно во март минатата година во скопската чаршија беа убиени две лица, веројатно членови на истата група, меѓу кои и Јетон Кривањева, познат на јавноста како Жила.

Минатиот месец пак, за убиството на Халкидики, грчката полиција, првично преку меѓународна, а потоа преку европска потерница, побара осомничениот ( кој тогаш беше во притвор) за убиството на македонскиот државјанин  на Халкидики да биде екстрадиран во Грција за да биде изведен пред грчката правда.

 


Останати вести од Хроника

Подкаст

Подкаст