ДИК на официјалната страна ги објави резултатите од првиот круг од локалните избори за општина Чаир.

Од обработените гласови, кандидатот на ДУИ, Висар Ганиу добил 12.990 гласа, односно 48.90% од гласовите. Втор на листата е кандидатот на АА-ААА, Беким Сали со 9.824 гласа, односно 36.98%. Трет е кандидатот на Движење Беса, Кастриот Реџепи со 1.096 гласа или 4.02% и Демократскиот сојуз на Бошњаците со 590 гласа односно 2.22%.

Вкупниот број гласачи кои гласале во оваа општина изнесува 26.563

Вкупниот број на важечки гласачки ливчиња 24.723

Вкупниот број неважечки ливчиња 1.841

Учество на гласачи 45/75%

Според резултатите, кандидатот на ДУИ, Висар Ганиу и Сали на АА-ААА одат во втор круг.

Во Бутел нема да има втор круг бидејќи Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ освои 9.012 гласа односно 52.79% . Тој ќе раководи со Бутел во следните 4 години. Актуелниот градоначалник од СДСМ, Велимир Смилевски освоил вкупно 6.831 глас или 40.01%. 1.229 се неважечки гласачки ливчиња.