Опозициските партии во албанскиот блок тргнуваат во обид за окрупнување. Гаши, Касами и Меџити денеска на заедничка маса ќе ги стават заедничките цели и ќе ги разгледуваат можностите за соработка, а ваквата информација за Телма ја потврди лидерот на Алтернатива.

Тој рече дека се уште не се договорени местото и терминот но нагласи дека средба денеска ќе има. Веќе неколку месеци на маса е ставена точката за окрупнување на албанскиот опозициски блок.

Целта е обединување против ДУИ оти сметаат дека тамошните функционери се грижат само за нив, но не и за граѓаните.

Касами мината недела упати повик до лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари  да ја напушти Владата и да се приклучи кон на „опозицискиот фронт“ за да ја победат ДУИ на претстојните парламентарни избори.