Рускиот гасен гигант Гаспром објави дека ќе престане да го користи гасоводот во сопственост на ЕуроПол ГАС, заедничко вложување меѓу Гаспром и полската компанија PGNiG, која управува со полскиот дел од гасоводот Јамал-Европа.

– Воведувањето руски контра-санкции значи забрана за користење на гасоводот што му припаѓа на Европол ГАЗ, изјави портпаролот на гасниот холдинг Сергеј Купријанов.

– Воведена е забрана за трансакции и плаќања во корист на лица подложени на санкции, за Гаспром тоа значи забрана за користење на гасоводот во сопственост на Европол за пренос на руски гас преку Полска, рече портпаролот.