Воената опрема, што првично била испорачана во Украина, веќе се појави на црниот пазар и е пренасочена кон Блискиот Исток, во Идлиб во Сирија, изјави главниот делегат на Русија во преговорите за воена безбедност и контрола на оружјето во Виена, Константин Гаврилов, јавија британските медиуми.
-Постои ризик надвор од конфликтните зони да се најде малокалибарското и друго лесно оружје, особено американскиот ракетен фрлач „џевалир“, преносливиот систем за воздушна одбрана MANPADS и противтенковското оружје, рече Гаврилов.