Запишувањето на бугарското малцинство во македонскиот Устав е услов кој земјава мора да ги исполни пред да започне преговори за членство во Европска Унија. Овој став денеска во изјава за медиумите, пред почетокот на форумот „ЕУ и Балканот“, го потврди министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.
таа појасни дека ваквиот услов за Македонија е утврден во декларацијата на Народното собрание и во решенијата на Консултативниот совет за национална сигурност
– Во оваа фаза, прво тие тоа треба да го спроведат, па потоа да се започнат преговори со нив. Не знам какви сигнали дал премиерот Кирил Петков, но ова е нашиот став, додаде Генчовска.
Таа со оваа позиција ќе го запознае и еврокомесарот за проширување Оливер Вархељи на нивната средба денес.