Случајот се однесува на исплата на средства во износ од 400 милиони евра (450 милиони долари) од државната каса на покојниот француски тајкун Бернар Тапи во 2008 година.
Во тоа време, Ришар беше шеф на кабинетот на тогашната француска министерка за финансии Кристин Лагард, која сега е претседател на Европската централна банка. Лагард, која негираше дека направила нешто незаконско, беше осудена во декември 2016 година за небрежност во врска со аферата.
Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер во неколку наврати изјави дека ставот на владата е дека шефовите на компаниите под државна контрола треба да поднесат оставки во случај да бидат осудени за кривично дело, така што казната на Ришар, може да значи крај на неговата кариера во Оранж. Тој првпат беше назначен за извршен директор на Оранж во 2010 година.