Пред присутните граѓани на протестот насловен „Ултиматум НЕ, благодарам!“ се обрати познатиот уметник Петар Ѓорѓиевски Камиказа облечен во неговиот дрес со натпис Македонија
-Со овој дрес што го имам на мене имам истрчано преку 100 маратони во целиот свет и никому не му пречеше, а сега се најдоа некои да им смета светото име Македонија, Македонците и македонскиот јазик, потенцираше Георгиевски.
Тој им порача на присутните и на институциите во државата дека народот нема да отстапи ни педа повеќе и нема да дозволи нови понижувања..
-Не даваме педа од оваа земја, не даваме педа од тоа што е наше и со крв спечалено. Имаат ли они некоја песна со која може да се пофалат кај што се пее за Бугарите? Нема, значи што немаат? Тоа што сакаат да ни го земат.