Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Вашингтон, се обрати пред Атлантскиот совет, каде ги претстави стратешките приоритети на Владата.
-Нашата развојна стратегија се темели на три столба. Инфраструктура, енергетска инфраструктура и вештачка интелигенција и висока технологија.
Во делот на енергетиката, премиерот истакна дека амбицијата на земјата е да стане енергетска и транзитна крстосница во регионот
Македонија има амбиција да стане енергетски крстопат во регионот преку изградбата на интерконекторите со Грција и северниот сосед, со што ќе се поврзе терминалот за течен природен гас во Александрополи со Централна Европа. Со завршувањето на овие проекти, Македонија ќе добие транзитна улога, нови енергетски можности и стабилна основа за развој на гасни капацитети, производство на електрична енергија и идни инвестиции во дата-центри и вештачка интелигенција.
Ова е визијата за забрзан економски и технолошки развој на земјата, порача премиерот Мицкоски.
