– Кисела Вода е една од најстарите општини во Скопје и територијално една од најголемите во којашто живеат повеќе од 60.000 жители, којашто за жав во изминатите 3 и пол години откако на власт е Филип Темелковски ние немаме во ниту еден сегмент  подобрување на условите за живеење на граѓаните. Во цел мандат, потрошен на Темелковски, нема ниту еден капитален проект за којшто изработил проект, го сработил и истиот е ставен во служба на нашите сограѓание. Нема таков проект. Има еден проект со којшто Темелковски се пофали, тоа е Домот за култура во село Драчево. Проект изработен од ВМРО-ДПМНЕ, обезбедени средства, започнат да се гради во време на ВМРО-ДПМНЕ, ги финишира  градбите, успеаа да ја сменат бојата на фасадата. Автентичната боја на фасадата беше бордо, ја заменија со сина. Тоа е успехот нивни во изминатите четири години, рече Георгиевски.

Тој спомена дека во Драчево започнале да градат градинка, но не успеале да ја завршат.

– Секоја година се троши сериозна сума на средства за она што им е приоритет, а тоа се партиски вработувања и уживање во комодитетот на владеењето, рече Георгиевски.

Тој наведе дека и покрај најавите на Темелковски за гасификација на општината, тоа  се уште не е спроведено.

– Програмата не е само памфлет, сликовница во која генерално ќеги нафрлите проблемите коишто ги имаат граѓаните. Тоа треба да биде она што ќе го ветите пред граѓаните, она што го чекаат со години, она што ги мачи, ќе се обврзете да го решите. Во тој памфлет со многу лажни ветувања на Темелковски, немаше само гасификација, има предвидено и две нови детски градинки, поликлиника, нова пожарна, имаше предвидено уште стотици проекти. Нема ништо спроведено. На што се потрошени 70 милиони евра ќе се утврди со сериозна ревизија откако ќе има промена на локалната самоуправа во октомври, посочи Георгиевски.