Според сајтот на ДИК, кандидатот на СДСМ, Герасимовски освои 11.982, а Котлар, кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ освои 10.160 гласа. Со тоа, Горан Герасимовски е новиот градоначалник на Општина Центар, единствената скопска општина со која управува СДСМ.
Во првиот круг Котлар освои 7.462, или 2.698 гласа помалку отколку во вториот круг. Речиси иста е и разликата во гласовите на Герасимовски во двата круга – 2.956. Тој во првиот круг освои 9.026 гласа.