-Радувај се Скопје, радувај се Македонијо, денес се раѓа ново сонце, заедно да побараме одговорност за она што не е сработено и заедно Скопје да го трансформираме во модерен европски град. Огромна е победата, со речиси 30 илјади гласови разлика, затоа ви благодарам за довербата и уште од првиот ден да почнеме со работа. За прв пат во 30 години независна Македонија, Скопје има жена за градоначалник, напиша Арсовска.