Герасимовски го придружуваа носителката на листа Андријана Будимир Филиповски и кандидатот за советник Мартин Попов.
– Во Маџир Маало ќе изградиме нова детска градинка која верувам дека на многу наши граѓани ќе им помогне во згрижувањето деца. Објектот треба да биде завршен до јуни 2024 година. Овде ќе ги реконструираме и улиците „Вардарска“, „Тетовска“ и „МаџирМаало“. Ќе изведеме шеталиштеКеј 13 Ноемврисопарк, детскоигралиште и парковскозеленило. Исто така ќе ја завршиме изградбата на новата мрежа за парно греење на цела населба. Ќе го зазелениме и разубавиме Маџир Маало, рече Герасимовски пред граѓаните.
Герасимовски рече дека претходно се работело на реконструкција на ул. „Светиниколска“, ул. „Ѓуро Ѓоновиќ“ со изградба на фекална, атмосферска и водоводна канализација, фекална канализација се извела и на ул. „Титовелеска“ и ул. „Петричка“ која се проширила со нови тротоари и лед осветлување. Герасимовски рече дека на овој реон било поставено и детско игралиште.