На Германија и неопходен увоз на работна сила. Германските власти ја разгледувата опцијата да ја удвојат квотата за доселување на неквалификуван кадар од земјава, но и од соседството, односно од Македонија, Србија, БИХ, Косово, Албанија, Црна Гора, за да ги пополнaт празните работни места, вака барем пишува во предлог законот кој го има на увид германската новинска агенција ДПА.
Според документот се олеснува и процедурата за добивање на германско државјанство. Тоа значи дека странците не мора да се откажат од пасошот на матичната земја. Ваквите олеснувања дополнително ќе ја испразнат државава, сметаат домашните стопанственици. Велат дека ова треба да биде аларм за владата да преземе нешто и да се обиде да ги задржи работниците тука особено младите.
Според досегашната статистика, во Германија недостасуваат 400.000 луѓе годишно за да може да функционира економијата, здравството и негата на стари лица. На пример, на националната железничка компанија оваа година има потреба од нова работна сила. Бараат дури 25.000 работници. А, поради тоа што германскиот јазик е пречка за повеќе работни места , англискиот полека но сигурно станува официјален јазик.