Трите партии кои го договараат формирањето на новата германска коалициска влада, денеска соопштија дека бараат актуелниот министер за финансии од редовите на социјалдемократите, Олаф Шолц, до 6 декември да биде назначен за канцелар на Германија, пренесоа француските медиуми

-Распоредот е амбициозен, изјави Фолкер Висинг, генерален секретар на либералните Слободни демократи, на почетокот на формалните преговори за коалиција со левоцентристичката СДП и Зелените.

„Германија мора да има стабилна влада што е можно поскоро“, додаде тој.