Германија ќе испрати седум самоодни хаубици во Украина, соопшти денеска германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт.
Неодамна и Холандија вети дека ќе испрати пет хаубици во Украина како помош во одбраната од руската инвазија. Соединетите Американски Држави соопштија дека повеќе од 90 отсто од ветените хаубици веќе се во Украина.
Германската армија следната недела ќе започне со обука на украински војници во Германија за ракување со артилериско оружје, изјави Ламбрехт за новинарите во словачкиот град Слиац каде што денеска ќе се сретне со холандскиот министер за одбрана.