Германската влада денеска одобри распределба на 60 милијарди евра за борба против климатските промени и модернизација на земјата.

Владата на новиот канцелар Олаф Шолц одобри инјектирање дополнителни средства во „Фондот за клима и трансформација“.

Фондот ќе се користи за финансирање проекти насочени кон борба против климатските промени и подобрување на германската инфраструктура.

Министерот за финансии Кристијан Линднер рече дека 60 милијарди евра за идни инвестиции се „стимуланс за економијата“, која сè уште се опоравува од пандемијата на корона вирусот.

Линднер рече дека годинава нема да има ново задолжување и дека тоа ќе остане на ниво од 240,2 милијарди евра, по планот на претходната влада.

Неговата пропазарна Слободна демократска партија, најслабата во тричлената владејачка коалиција, ја отфрли можноста за зголемување на даноците и инсистира на почитување на правилата кои го ограничуваат новото задолжување.

Владејачката коалиција има амбициозни планови да ја зголеми употребата на обновливите извори на енергија и да инвестира во модернизација на дигиталната и друга инфраструктура во земјата.
.