Германија во вторник слави 33 години од обединувањето, а главната церемонија се одржува во Филхармонијата на Елба во северниот град Хамбург, пренесува Хина, повикувајќи се на dpa.
Првата европска економија го слави обединувањето со национален празник кој го одбележува денот во 1990 година кога комунистичката Источна Германија се приклучи на Сојузна Република Германија или Западна Германија, создавајќи единствена германска држава за прв пат од 1945 година.
Хамбург беше избран за овогодинешната прослава бидејќи градот-држава моментално претседава со Бундесратот, горниот дом на Парламентот.
Говорот на претседателот на Уставниот суд
Официјалната церемонија во Филхармонијата Елба во северниот пристанишен град ќе вклучи говор на претседателот на германскиот Уставен суд Стефан Харбарт пред приближно 1.300 луѓе, вклучително и главните национални политички лидери и премиери на 16 држави.
Вселенската богослужба ќе се одржи во црквата Свети Михаил, а двата настани ќе бидат директно пренесувани на националната јавна телевизија.
Прославата започна во понеделник со голема забава околу градското собрание и езерото Алстер.