– Сакаме да видиме инклузивна влада во Кабул, да ги почитува основните човекови права, правата на жените и Авганистан не смее да стане база за меѓународен тероризам, рече Мас. Тој потенцира дека доколку се исполнат овие услови и ако дозволат безбедносните услови, тогаш Германија е подготвена да го продолжи дипломатското присуство во таа земја.
Претходно и канцеларката Ангела Меркел изрази надеж дека талибанците ќе бидат подготвени да соработуваат. – Наша цел мора да биде зачувување на што е можно повеќе промени кои ги постигнавме во Авганистан во последните 20 години, рече Меркел во Бундестагот. – Талибанците се сега реалност во Авганистан. Тоа е горчлива реалност, но со тоа треба да се соочиме, оцени Меркел.
За разлика од повеќето земји кои ги затворија своите дипломатски преставништва во Кабул, Русија и Кина тоа не го направија.