Германскиот федерален обвинител отвори истрага за евентуални воени злосторства сторени од страна на руските војници во рамки на инвазијата во Украина.

Германскиот министер за правда, Марко Бушман, за весникот „Пасауер Ное Пресе“ вели дека властите ќе ги соберат и обезбедат сите докази за воени злосторства, притоа додавајќи дека Федералното обвинителство веќе отворило т.н. структурна истрага за покренување постапка за собирање доказен материјал.