Најголемиот дел од набавката ќе биде 80 милиони дози mRNA вакцина БионТек-Фајзер, која Германија веќе ја договори преку шемата за набавки на Европската унија, се вели во извештајот на Министерството за здравство.
Уште 31,8 милиони дози ќе има од Модерна, Џонсон и Џонсон 18,3 милиони дози, а 70 милиони дози од Санофи, Новавакс и Валнева.