Нови правила за странци во Германија

Од 2025 година Германија воведува строги и истовремено олеснителни измени во имиграциската политика – враќа минимум од 5 години престој за добивање државјанство, привремено го ограничува семејното обединување за лица со „subsidiary protection“ и отвора нови можности за квалификувани странци преку „Opportunity Card“ и Skilled Immigration Act.

Мерките ќе погодат над 388 000 луѓе со привремен емигрантски статус, на кои од мај–јуни 2025 година ќе им биде забрането да ги спојат семејствата во првите две години престој. Воедно, опцијата за „брзо државјанство“ по три години е укината, а единствениот услов за натурализација повторно е петгодишен престој. Исклучок останува за брачните партнери на германски државјани, кои можат да аплицираат по три години.

Истовремено, Германија со нови правила за странци, испраќа силна порака дека ја отвора вратата за висококвалификувани мигранти. Skilled Immigration Act го олеснува влезот за ИТ-експерти, инженери, медицински кадар и професии со дефицит. Платните прагови за EU Blue Card се намалени на 43 760–48 300 евра годишно, а списокот на признати занимања е проширен.

„Opportunity Card“ е нов инструмент што им овозможува на странци со соодветни квалификации и искуство да престојуваат до 12 месеци во Германија без претходна работна понуда, со цел да најдат вработување.

За интеграцијата да биде поуспешна, Германија издвојува над 1 милијарда евра за јазични и културни курсеви во 2025 година. Владата истакнува дека преку овие програми ќе се засили поддршката за учење на јазикот, разбирање на правниот систем и културната адаптација.

Со новите правила, Берлин испраќа јасен сигнал: државата сака да привлече квалификувани кадри и да им овозможи интеграција, но паралелно воведува построга контрола врз миграцијата и појасни предуслови за трајно живеење и стекнување државјанство.