Гутман (71), ќерка на преживеан од холокаустот, ќе биде првата жена назначена на функцијата.
Назначувањето на Гутман треба да биде потврдено од американскиот Сенат и одобрено од германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер. Сè уште не е утврден датумот за нејзината акредитација.
Претходно, САД беа претставени во Берлин од Ричард Гренел, близок соработник на Доналд Трамп, кој се врати во Вашингтон за да стане директор на националното разузнавање под водство на Трамп пред да се повлече од функцијата амбасадор во јуни 2020 година.
Од тогаш, должноста амбасадор ја извршуваше Робин Квинвил.