Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци.
Tелото на починатата било предадено на обдукција.
Во ОВР Кавадарци, синоќа од Итна медицинска помош било пријавено дека во куќа во градот, сопственост на 75-годишник, била пронајдена почината 67- годишна германска државјанка, која повеќе години живеела со кавадарчанецот, информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.