На крстосницата од улиците „Козле“ и „Миле Поп Јорданов“ во Скопје, патничко возило „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.Б. (40) државјанка на Германија, со привремен престој во Скопје, удрило во пешакот Ѓ.К. (82) од Скопје.

Во несреќата Ѓ.К. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.