Претседателот на германската централна банка, Јоаким Нагел, предупреди дека тарифите на Трамп би можеле да ја вовлечат германската економија во нова економска рецесија, дополнително влошувајќи ја состојбата по две години опаѓање. Во ексклузивно интервју за Светскиот сервис на Би-би-си, Нагел ја критикуваше политиката на американскиот претседател, нарекувајќи ја застарена и штетна, а истовремено укажува дека Германија, и покрај својата економска сила, е под закана од глобална трговска војна.
Германската економија на работ: Тарифите носат пропаст
Германската економија веѳе две години бележи пад, а според Нагел, новите тарифите на Трамп од 25 отсто на увозот на челик би можеле да ја турнат во нова економска рецесија.
„Економската активност во Германија е во постојан пад веѳе две години, а воведувањето на овие тарифи може да предизвика рецесија и во тековната година“, изјави Нагел во интервјуто.
Тој додаде дека без тарифите, економијата би можела да остане во стагнација, но би постигнала благ пораст од околу 0,2 отсто. Нагел ги поддржува одмазничките мерки на ЕУ против тарифите на Трамп, нагласувајќи дека во трговските конфликти „нема победници“.
„Кога некој дејствува против вашите интереси, не можете да останете пасивни – мора да преземете контрамерки“, истакна Нагел, оправдувајќи ја потребата за заштита на европските пазари.
Тарифите на Трамп: Застарена политика со тешки последици
Нагел ја опиша тарифната политика на Трамп како „економија од минатото“ и „дефинитивно штетна идеја“, укажувајќи на ризикот од глобална трговска војна.
„Кога сте насочени кон извоз, станувате подложни на удари од зголемените тарифи, особено кога има толку многу неизвесности и непредвидливи фактори“, додаде тој.
Трамп верува дека тарифите ќе го поттикнат производството во САД и ќе ги заштитат работните места, но Нагел и други критичари тврдат дека тоа само ќе ги подигне трошоците за американските потрошувачи. Германската економија, како извозна економија, е особено ранлива – извозот сочинува 43,4 отсто од БДП, а САД се клучен пазар за германски производи, како автомобили (БМВ, Мерцедес, Фолксваген, Ауди). Германски потрошувачи веѳе се соочуваат со повисоки цени за американски производи, како сок од портокал и бурбон, според Дирк Џандура од федерацијата за трговија БГА.
Надеж за опоравување во „тектонски промени“
Нагел ги отфрли тврдењата дека Германија е „болниот човек на Европа“, нагласувајќи ја нејзината економска стабилност.
„Светот се соочува со драматични промени, што ја прави сегашната ситуација сосема различна од онаа во минатото, па затоа е неопходна фискална адаптација за да се обезбеди простор за закрепнување и сигурност на пазарот“, заклучи Нагел.
Тој верува дека Германија може да ги надмине овие предизвици во наредните години, иако германската економија останува под притисок од тарифите на Трамп и можната економска рецесија.