Профитот на германскиот концерн „Бош“ се преполови, а перспективите за иднината не се охрабрувачки

 

Профитот на германскиот концерн „Бош“ се преполови, а перспективите за иднината не се охрабрувачки. Вработените се загрижени за своите работни места бидејќи Бош има намера да намали 20.000 работни места во своите фабрики во Германија само до 2030 година.

Генералниот директор на оваа компанија, Стефан Хартунг, рече дека претходната година била тешка и болна за „Бош“. Зборувајќи за тековната година, тој рече дека не може да ветува мир. Имено, тој истакна дека планираните мерки мора да се спроведат, што значи дека нема да има мир.

Ова првенствено се однесува на намалувањето на бројот на работници. Намерата е да се елиминираат повеќе од 20.000 работни места до 2030 година само во одделот за автомобилска индустрија. Хартунг истакна дека не е гарантирано дека само тоа ќе се случи, односно не е сигурно дека нема да бидат потребни нови мерки.

А елиминирањето на работните места чини пари. Имено, на „Бош“ ќе му бидат потребни многу пари за отпремнини и програми за социјална помош за отпуштените работници. Ова е една од причините зошто оперативната добивка (профит од основна дејност) на оваа компанија минатата година изнесувала само 1,7 милијарди евра, додека годината пред тоа била двојно поголема. „Бош“ уверува дека причината за намалувањето на оперативната добивка е намалувањето на продажбата и неповолните движења на девизниот курс.

Се очекува значително подобрување да се случи следната година, но само на некои пазари. Автомобилската индустрија, како најважен сектор за „Бош“, сè уште е под притисок, објави германскиот дневен весник „Тагешау“.