Оваа недела во Германија започна вакцинацијата на деца на возраст од 5 до 11 години. Вакцинацијата беше одобрена од Европската Унија и Германскиот експертски совет за вакцинација.
Лаутербах го посети центарот за вакцинација во зоолошката градина во Хановер, каде група деца на таа возраст дојдоа на вакцинација. Министерот лично вакцинираше две деца.
– Сметам дека е потресно и впачатливо колку деца настрадаа за време на пандемијата. А најмалку што можеме да дадеме за возврат е да им обезбедиме на децата вакцини, рече Лаутербах додека го даваше лекот на дете.
Социјалдемократот Лаутербах стана министер за здравство на 8 декември. По образование е доктор и епидемиолог. Од почетокот на пандемијата, тој стана еден од најдобрите јавни експерти на тема коронавирус.