Пред новинарите тој кажа дека е заинтересиран за „брзо“ потпишување на договорот со производителот на руската вакцина и додаде дека Германија е во блиски контакти со Русија во врска со нивната вакцина, пренесуваат британските медиуми.

Предуслов, додаде тој, е да се добијат повеќе детали за тоа колку дози ќе бидат испорачани.

-Всушност, јас сум многу заинтересиран, ние како земја да потпишеме договор, доколку Европската унија не направи нешто.

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека „Спутник V“ е една од трите вакцини што во моментов се разгледуваат за одобрување за употреба во ЕУ.