Раководствата на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд ја повторија поддршката за УЕФА која се противи на формирање европска Суперлига.
-Проектот Суперлига пропадна пред повеќе од една година. Нашиот став по тоа прашање е јасен, изјави членот на раководството на Баерн, Оливер Кан.
Поддршка за УЕФА против Суперлигата изрази и Борусија Дортмунд.
-Лигата на шампиони има одличен формат. Проширувањето, кое е предвидено за 2024 година, ќе го унапреди ова натпреварување. Ја поддржуваме УЕФА која се грижи и за помалите клубови, изјави шефот на бундеслигашот од Дортмунд, Јоаким Вацке.
Претходно оваа недела, поранешниот прв човек на германската телевизија РТЛ, Берн Рајнхарт, беше избран за нов извршен директор на компанијата А22 Спорт Менаџмент, која стои зад проектот Суперлига.