Договорот за коалиција беше одобрен од членовите на СДП на партискиот конгрес завчера, а денеска се очекува тоа да го сторат и Зелените пред Бундестагот да гласа за изборот на Шолц в среда. „Ова е коалициски договор за политиката на центарот, кој нема да ја придвижи нашата земја лево, туку сака да ја придвижи напред“, изјави на партискиот конгрес лидерот на ФДП, Кристијан Линднер.
Новата германска влада со поддршка за Македонија и Албанија во ЕУ
Новата германска влада има за цел да ги засили напорите за борба против климатските промени и да направи повеќе за модернизација на земјата, вклучително и подобрување на мобилните и интернет мрежите. Таа, исто така, планира полиберални социјални политики, вклучително и легализирање на продажбата на канабис за рекреативни цели и олеснување на патот до германско државјанство, истовремено ветувајќи поголеми напори за депортирање на имигрантите кои не добиваат азил.
Зелените гласаа за продолжување на коалициските разговори за влада
На инсистирање на ФДП, коалициските партнери се согласија да не ги зголемуваат даноците или да ја укинат „сопирачката за долг“, правило според кое Германија не смее да троши повеќе од буџетските приходи. Линднер треба да стане нов министер за финансии, а партијата ќе ги добие и министерствата за транспорт, правда и образование.