Нивото падна под границата од 60 отсто, изјави Себастијан Блешке, управен директор на иницијативата Energien Speichern (INES), за деловниот весник Handelsblatt.
Во споредба со претходните години, ова е „историски најниско ниво“.
– Со оглед на тоа што вистинската зима допрва доаѓа, со релативно ниските резерви секако треба внимателно да се постапува. Доколку повлекувањето продолжи како што е во моментот, нивото на резерви ќе биде многу ниско во февруари, рече Блешке.
Компаниите-членки на здружението велат дека претставуваат повеќе од 90 отсто од капацитетот за складирање гас на Германија и околу една четвртина од капацитетот на Европската унија.
Капацитетите за складирање гас во Германија беа полни нешто повеќе од 58 отсто минатата среда, според истражувањето на индустриското здружение Gas Infrastructure Europe – со вообичаениот тренд на опаѓање за тој период од годината.
За споредба, на 14 декември претходната година таа бројка беше 79 отсто, а во 2019 година 97 отсто