Треба да си неписмен глупак и антимакедонец, па да кажеш дека “сè околу вмро, а вмро е нашето сè пред 41, е бугарска работа со некои замешателства на Србија”, пишува на Фејсбук, новинарот Бранко Героски.

Понатаму во неговиот статус стои:
И треба бездруго да си комплетен идиот за да додадеш: “Ништо македонско во смисла на националната идеја таму нема”.
За жал, на ваквите антимакедонски тези денес се воодушевува и од нив се инспирира цветот на сдсмовската пропаганда.
А тој што ги шири овие тези е поголем антимакедонец од Каракачанов и од сите софиски негатори на Македонија и на Македонците.
Туку…
Не ми е јасно како мислат “генијалците” на сдсмовската пропаганда со вакви тези да ги освојуваат симпатиите на Македонците пред претстојните избори.
Некој овде навистина е сериозен кандидат за Бардовац…, пишува Героски.