Жителите на Слупчаме со палење на гуми на патот го блокираа влезот на екипите на ЕВН,кои неколку месеци се обидуваат да стават ред со неможоста да наплатат струја во оваа општина, објави ТВ 21

Вкупните годишни загуби поради кражби на струја во селото Слупчане изнесуваат повеќе од 1 милион евра, односно околу 6 GW/h. Процентуално, 80 отсто од годишната потрошена енергија се краде, а успешно се наплаќа само една третина од останатите 20 отсто фактурирана енергија.