– Грција има свои дилеми и наша работа е да ги отстраниме тие дилеми, рече Гервала на Т7.

Таа изјави дека не може ништо да предвидува, но дека гледа значителен напредок во односите со Грција.

-Имаме значително подобрување на статусот, не само на меѓусебните односи, туку и на статусот на нашата соработка. Нашата канцеларија во Грција беше само обична економска канцеларија што не се појавуваше никаде, ниту во МНР, регистрите и имениците, но денеска нашиот претставник во Грција комуницира со генералниот директор и други лица во МНР, што се случи откако го подигнавме дипломатскиот статус на таа канцеларија, рече Гервала.

Таа е убедена дека Косово е на вистинскиот пат кога станува збор за постојано подобрување на односите со Грција.

– Има напредок, нема назадување, изјави Гервала.